Почитувани колеги,
Здружението на специјалисти по ортодонција при МСД, како дел од своите редовни активности организира Стручен собир под наслов “Предизвиците на тимот кој креира насмевка“ и тероретски курс под наслов “Третман на малоклузија Класа III кај деца и возрасни пациенти“ на 30.03.2019 г.
Тежнеејќи да ги пратиме современите трендови во ортодонцијата, нашите колеги и стручњаци од пракса на пролетниот Стручен собир ќе дадат посебен осврт на современите пристапи во третманот на дентофацијалните деформитети, мандибуларниот прогнатизам, пациенти со расцепии, ортодонтската подготовка ортодонтското финиширање, ретенцијата и стабилност.
Ве покануваме да со своето присаство и активно учество во дискусиите поминете прекрасни моменти на едукација, дружење и придонесете за успехот на овие стручно-научни манифестации.
Со почит
Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција
Проф. др Габриела Ќурчиева Чучкова dr. sci
ПРОГРАМА НА СТРУЧЕН СОБИР
Скопје, Хотел Холидеј Ин, 30 Март 2019 година
09:00-10:00 Регистрација на учесниците
10:00-10:15 Воведен збор и отворање на симпозиумот
Проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова
Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција
10:15 – 10:30 Модалитети за корекција на малоклузија Класа III
Д-р. Елена Петрова dr. sci, специјалист по ортодонција
ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар, Скопје
10:30 – 10:45 Ортодонтско-протетска соработка во мултидисциплинарниот третман на пациентите со рацеп на усна и непце
Доц. д-р Радмила Димовска dr. sci, специјалист по ортодонција
ПЗУ Поликлиника КРУНА МС, Клиника за ортодонција – Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје, Северна Македонија
10.45 – 11.00 Парадигма на фиксната техника на рамен лак со ниско триење (SWLF) низ клиничката пракса
Др Иван Илиев, специјалист по ортодонција
П.З.У. “Др Илиев“, Скопје, Северна Македонија
11.00 – 11.15 Примена на проѕирни исправувачи во ортодонтска терапија кај возрасни пациенти
Д-р Билјана Цивкароска-Пановска, специјалист по ортодонција
П.З.У. “Др Цивкароски“ Битола, Северна Македонија
11.15-11.30 Дискусија
11.30- 12.00 Кафе пауза
ТЕОРЕТСКИ КУРС
ТРЕТМАН НА МАЛОКЛУЗИЈА КЛАСА III КАЈ ДЕЦА И
ВОЗРАСНИ ПАЦИЕНТИ
Проф. д-р Назан Кучуккелеш, Универзитет Мармара, Истанбул, Турција
ПРОГРАМА НА КУРСОТ
Времетраење на курсот: 5 часа
12.00-14.00
- Малоклузија Класа III
- Морфолошки карактеристики
- Дентална и кефалометриска проценка
- Ортопедски третман на Класа III
- Кои случаи треба да бидат рано третирани
- Што можеме да постигнеме со примена на лицева маска
- Критериуми за селекција на пациенти
- Вектори на сила при протракција на максилата
- Презентација на случаи
- Двофазен третман на Класа III/Презентација на случаи
14.00-14.30 Кафе пауза и закуска
14.30-16.30
- Апликација на лицева маска со апарат за БМЕ/Презентација на случаи
- Хируршки поткрепена терапија со лицева маска/Презентација на случаи
- Протракција на максила со лицева маска потпомогната со кортикотомија
- Протракција на максила со Класа III еластици потпомогната со кортикотомија
- Презентација на случаи
- Протоколи за ригидна дистракција
- Презентација на случаи (интраорална/екстраорална)
- Камуфлажна терапија на Класа III кај адултни пациенти
- Одлука за хируршка корекција на малоклузија Класа III
Стручниот собир и теоретскиот курс се акредитирани од СКМ со 4 бода за пасивно и 6 бода за активно учество.
Котизацијата изнесува 2.500,00 мк денари за членови на МСД, и 3.000,00 мк денари за оние кои не членуваат.
Уплатата се врши на ж-сметка:
300000002059055 – Комерцијална банка АД Скопје,
Здружение на специјалисти по ортодонција,
за стручен собир и теоретски курс 30.03.2019 г.
***При уплатата задолжително внесете Име и Презиме и број на лиценца.
Сите информации се достапни и на веб страницата на Здружение на специјалисти по ортодонција www.mos.org.mk