Симпозиум под наслов “ОРТОГНАТА ХИРУРГИЈА СОВРЕМЕН ТРЕНД ВО ОРТОДОНТСКО-ХИРУРШКИОТ ТРЕТМАН НА ЛИЦЕВО-ВИЛИЧНИ АНОМАЛИИ“

Почитувани колеги,
Здружението на специјалисти по ортодонција при МСД, како дел од своите редовни активности организира Симпозиум под наслов “Ортогната хирургија – Современ тренд во ортодонтско-хируршкиот третман на лицево-вилични аномалии “ на 14.10.2017 г., и курс под наслов “Миофункционална терапија и третман на проблеми и дисфункции на темпоромандибуларен зглоб “ на 13.10.2017 г .
Тежнеејќи да ги пратиме современите трендови во ортодонцијата, еминентните предавачи на Есенскиот Симпозиум ќе дадат посебен осврт на современите пристапи во третманот на дентофацијалните деформитети, мандибуларниот прогнатизам и максиларниот ретрогнатизам, ортодонтската подготовка , хируршкото планирање, ортодонтското финиширање, ретенцијата и постхируршката стабилност .
Ве покануваме да со своето присаство и активно учество во дискусиите придонесете за успехот на овие стручно-научни манифестации. Воедно ќе имате можност да поминете прекрасни моменти на едукација, дружење и релаксација на брегот на нашиот јужен бисер, Дојранското езеро.

Со почит

Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција

Доц. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова dr. sci

Програма на Симпозиумот

 

ПРОГРАМА НА СИМПОЗИУМ

Стар Дојран, Хотел Романтик, 14 Октомври 2017 година

09:00-10:00
Регистрација на учесниците

10:00-10:15
Воведен збор и отворање на симпозиумот
Доц. др Габриела Ќурчиева Чучкова
Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција

10:15- 10:45
Проф. др Наташа Ихан-Хрен dr.sci,
специјалист по максилофацијална и орална хирургија,
Професор и раководител на Клиника за максилофацијална и орална хирургија, Медицински факултет Љубљана, Словенија
„Современа хируршка терапија на дентофацијални деформитети“

10:45- 11:15
Проф. д-р Мартина Древеншек, dr.sci
специјалист по ортодонција
Професор на Катедрата за ортодонција и Директор на Универзитетска стоматолошка клиника при Унверзитетски медицински центар во Љубљана, Словенија
„Улогата на ортодонтот во ортогната хирургија“

11.15- 11.45
Проф. др Стјепан Шпаљ, dr.sci
специјалист по ортодонција
Вонреден професор и раководител на Катедрата за ортодонција, Медицински факултет, Свеучилиште во Ријека, Хрватска
„Квалитет на животот на пациенти со дентофацијални аномалии“

11.45- 12.15
Др. Радмила Димовска dr. sci
специјалист по ортодонција,
П.З.У. Круна МС, Скопје
„Ортодонтот во мултидисциплинарниот тим за расцепи“

12.15-12.30
Дискусија

12.30- 13.00
Кафе пауза

13.00- 13.30
Др. Славко Делладио, dr.sci,
специјалист по ортодонција
П.З.У. др Делладио, Вараждин, Хрватска
„Хируршко-ортодонтско извлекување на импактирани и ретинирани заби“

13.30- 14.00
Д-р. Сабетим Черкези, dr sci
специјалист по ортодонција
Катедра за Ортодонција, Факултет на Медицински науки, Одсек Стоматологија, Универзитет во Тетово
Специалистичка ординација по Ортодонција Vivadent, Гостивар, Северна Македонија
„Импактирани канини: современ дијагностички и тераписки протоколи“

14.00- 14.30
Др. Марко Перковиќ, dr.sci
специјалист по ортодонција
П.З.У. др Перковиќ,, Ријека, Хрватска
„Ортодонција и орална хирургија – рака под рака“

14.30- 15.00
Др Иван Илиев
специјалист по ортодонција
П.З.У. “Др Илиев“, Скопје, Северна Македонија
„Филозофија на техниката со рамен лак со ниско триење SWLF -Synergy“

15.00- 15.15
Дискусија

17.00-18.00
Седница на собрание на Здружение на специјалисти по ортодонција: Презентација на досегашните активности и избор на претседателство на Здружение на специјалисти по ортодонција 2018-2022
(право на учество имаат сите членови на Здружение на специјалисти по ортодонција при МСД)

20:30
Свечена вечера

Симпозиумот е акредитиран од СКМ со 8 бода за пасивно и 12 за активно учество. Котизацијата изнесува 1.800,00 денари, а за членови на МСД 1.300,00 денари
Уплатата се врши на ж-сметка: 300000002059055 Комерцијална банка АД Скопје, Здружение на специјалисти по ортодонција на Македонија за симпозиум 10/2017.
Сите информации се достапни и на веб страниците на МСД-Здружение на специјалисти по ортодонција: www.mos.org.mk, МСД:www.msd.org.mk и СКМ: www.stomatoloskakomora.org

Контакт

МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција

Водњанска бр.17
1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 (0)2 3092841
Мобилен: +389 (0)70 308989
Е-меил: info@mos.org.mk

Трансакциска сметка 300000002059055
Комерцијална Банка АД Скопје