Симпозиум под наслов “Интердисциплинарен пристап во третманот на скелетни ортодонтски аномалии и функционални пореметувања“

Почитувани колеги,
Здружението на специјалисти по ортодонција при МСД, како дел од своите редовни активности организира Курс под наслов “Успех со системот – tomas® повеќе од само еден мини-имплант“ на 31.03.2017 год. (едукативен центар Промедика) и Симпозиум под наслов “Интердисциплинарен пристап во третманот на скелетни ортодонтски аномалии и функционални пореметувања“ на 1.04.2017 год. (ЕРА Конгресен центар, Скопски саем).

Ве покануваме да со своето присаство и активно учество во дискусиите придонесете за успехот на оваа стручно-научна манифестација.

Со почит

Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција

Доц. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова dr. sci

Програма на Симпозиумот

 

ПРОГРАМА НА СИМПОЗИУМ

Скопје, Конгресен центар ЕРА (Скопски саем), 1 април 2017 година

 

09:00-10:00

Регистрација на учесниците

10:00-10:15

Воведен збор и отворање на симпозиумот

Доц. др Габриела Ќурчиева Чучкова

Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција

 

10:15- 10:45

Проф. д-р Билјана Капушевска dr.sci, специјалист по протетика

Професор на Катедрата за фиксна стоматолошка протетика, Стоматолошки факултет,УКИМ,Скопје, Северна Македонија

Раководител на Клиника за фиксна стоматолошка протетика

 

Терапија и рехабилитација на темпоромандибуларна артропатија

 

10:45- 11:15

Проф. др Младен Шлај, dr.sci специјалист по ортодонција

Професор и шеф на Катедрата за ортодонција, Стоматолошки факултет, Свеучилиште во Загреб, Хрватска

Претседател на Хрватското ортодонтско друштво

 

Интердисциплинарна дентална медицина, стандарди во третманот на пациентите во современата пракса

 

11.15- 11.45

Проф. др Бранислав Глишиќ, dr.sci специјалист по ортодонција

Професор на Катедрата за ортодонција, Стоматолошки факултет Белград, Србија

Тераписки пристап во лекувањето на малоклузија Класа III низ трите развојни фази на дентиција и оклузија

 

11.45- 12.00 Дискусија

 

12.00- 12.30 Кафе пауза

 

12.30- 13.00

Проф. д-р Александар Грчев dr.sci, специјалист по максилофацијална хирургија

Професор на Клиника за максилофацијална хирургија, Стоматолошки факултет,УКИМ,Скопје, Северна Македонија

Председател на здружението на максилофацијалните хирурзи

 

Пореметување во растот по скршениците на вратот на долната вилица во детска возраст

 

13.00- 13.30

Д-р Томас Литц, специјалист по ортодонција

Раководител на сектор  за клинички развој и истражување (Dentaurum, Ispringen), Германија

 

15 годишна примена на скелетна анкаража во ортодонцијата

 

13.30- 13.45 Дискусија

 

Симпозиумот  е акредитиран од СКМ со 8 бода за пасивно и 12 за активно учество. Котизацијата изнесува 1.800,00 денари, а за членови на МСД 1.300,00 денари

Уплатата се врши на ж-сметка: 300000002059055

Комерцијална банка АД Скопје, МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција

Назнака: за симпозиум 04/2017.

Сите информации се достапни и на веб страниците на МСД-Здружение на специјалисти по ортодонција: www.mos.org.mk; МСД:www.msd.org.mk и СКМ:www.stomatoloskakomora.org

Контакт

МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција

Водњанска бр.17
1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 (0)2 3092841
Мобилен: +389 (0)70 308989
Е-меил: info@mos.org.mk

Трансакциска сметка 300000002059055
Комерцијална Банка АД Скопје