Пост-конгресен курс “Утилити лакови како алатка во биомеханика“

Пост-конгресен курс Утилити лакови како алатка во биомеханика“

15.05.2016

Хотел “Гранит“, Охрид

Конгресна сала А

09:00-17:00 (08:00-09:00 Регистрација)

 

Д-р Оперман се здобил со својот Специјалистички Сертификат за Ортодонција во 1993 година од Стоматолошкото Здружение на Сао Паоло и магистрирал во оралните науки, со фокус на ортодонцијата, во 2003 година на Стоматолошкиот факултет SL Mandic – Campinas – Бразил. Д-р Оперман се занимава и со студии од областа на Биопрогресивна и Секциска Механика. Неговата поврзаност пред многу години со д-р Роберт Рикец и присуството во повеќе студии на тие теми, придонеле кон овој развој. Познавањата на д-р Оперман за растот и развојот на човечкиот краниофацијален комплекс, заедно со Ricketts-овата кефалометриска анализа и дијагностички систем дава уште една перспектива за планирање на третманот. Тој, исто така, е вклучен како хонорарен професор  на Одделот за ортодонција при Универзитетот во Илиноис, Чикаго. На страна од овие ангажмани, д-р Оперман е активен и ентузијастички професор и предавач, кој посетил многу земји за настава, со објавени многубројни статии базирани на полето на биопрогресивната терапија

 

Д-р Нелсон Оперман, DDS, PhD

Инструктори:

Лидија Кануркова                             Габриела Ќурчиева-Чучкова

Игор Кировски                                   Иван Илиев

Радмила Димовска                            Ирена Гавриловиќ

ПРОГРАМА НА КУРСОТ

  • 09:00-11:00 -Основни  познавања за раст и развој на случаи со II класа; Кога да се интрудираат или екструдираат заби во текот на третман кај  Класа II?
  • 11:00-11:30 -кафе пауза
  • 11:30-13:30 –Употреба на  утилити лакови при третман на Класа II;Презентација на клинички случаи
  • 13:30-14:30 -пауза за ручек
  • 14:30-16:00 -Практичен приказ на апликација на утилити лаци и нивна индикација ;3D контрола на инцизивите, експанзија на лаковите,..

На курсот ке биде совладана методата за виткање  на утилити лакови на типодонти со фиксни ортодонтски протези, со цел да се совлада техниката за адаптирање на лаковите кај различни видови на аномалии. Ова овозможува биолошко придвижување на забите и намалување на силите на триење, што доведува до примена на силите кои се применуваат  во ортодонцијата да се блиски до биолошките.

Ваквиот начин на движење на забите, кој не го оптеретува периодонциумот на забот дава подобри и стабилни резултати, без големо оптеретување.

Потребни инструменти кои треба да ги носат учесниците на курсот

Omega Loop

  • Weingart клешта 
  • Nance-ова клешта
  • Bird Beak клешта
  • de La Rosa клешта
  • Мал и голем цвик
  • Пеан, држач за брекети, држач за лак, српест инструмент

 

Контакт

МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција

Водњанска бр.17
1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 (0)2 3092841
Мобилен: +389 (0)70 308989
Е-меил: info@mos.org.mk

Трансакциска сметка 300000002059055
Комерцијална Банка АД Скопје