Симпозиум под наслов “Навремена и правилна ортодонтска дијагноза – Императив за успешен третман“

Почитувани колеги,

Управниот одбор на Здружението на специјалисти по ортодонција продолжува со своите редовни активности . Во тековната 2020 година предвидени се два симпозиума, пролетен симпозиум на 4 април во Берово и есенски симпозиум на 12 декември во Скопје.
По тој повод Ве покануваме на едукација и дружење во Берово, Хотел Манастир, на 4.04.2020 год. каде ќе се одржи пролетниот Симпозиум под наслов “Навремена и правилна ортодонтска дијагноза – Императив за успешен третман“

Со почит

Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција

Проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова dr. sci

Програма и Детали на Симпозиумот