ON-LINE симпозиум со меѓународно учество со наслов: “Ран ортодонтски третман – придобивка за правилна функција и естетика“

Почитувани колеги,

Здружението на специјалисти по ортодонција при МСД, како дел од своите редовни активности организира

ON-LINE симпозиум со меѓународно учество на ден 12.12.2020 (почеток во 11 часот) со наслов:

“Ран ортодонтски третман – придобивка за правилна функција и естетика “

Симпозиумот е акредитиран од страна на Комисијата за стручни прашања на Стоматолошка комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.

Котизацијата изнесува 1.300,00 денари, а за членови на МСД 1.000,00 денари

Уплатата се врши на ж-сметка: 300000002059055
Комерцијална банка АД Скопје, Здружение на специјалисти по ортодонција на Македонија за симпозиум 12/2020.

Сите информации се достапни и на веб страниците на МСД-Здружение на специјалисти по ортодонција: www.mos.org.mk и МСД:www.msd.org.mk

Симпозиумот ќе се реализира во живо, со следење и интерактивно учество на далечина преку платформата Zoom. Прашањата ќе можете да ги поставувате писмено преку апликацијата, а модераторот ќе ги пренесе усмено до излагачите и целиот аудиториум, без споменување на името и презимето на учесникот.

Технички упатства: Инсталирајте ја апликацијата Zoom од линкот: https//zoom.us/ на вашиот компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон. Обезбедете стабилна интернет врска за време на симпозиумот. Креирајте бесплатна корисничка сметка на платформата со Вашата е-маил адреса.  После Вашето пријавување на симпозиумот, навремено ќе Ви биде испратен линк на Вашата e-mail адреса, преку кој ќе се приклучите, регистрирате и ќе го проследите симпозиумот.

Доколку имате промена на Вашата mail адреса, пратете ја промената на contact@msd.org.mk

Со почит
Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција
Проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова dr. sci

Превземете програма

 

 

Контакт

МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција

Водњанска бр.17
1000 Скопје, Северна Македонија

Телефон: +389 (0)2 3092841
Мобилен: +389 (0)70 308989
Е-меил: info@mos.org.mk

Трансакциска сметка 300000002059055
Комерцијална Банка АД Скопје