Почитувани колеги,
Здружението на специјалисти по ортодонција при МСД, како дел од своите редовни активности за 2021 година ќе организира два симпозиуми. Соочени со предизвиците кои ни ги наметна пандемијата со Ковид 19 првиот симпозиум оваа година предвиден за 8.05.2021 го организираме повторно (како и претходните два минатата година) ON-LINE преку платформата ZOOM.
И токму од аспект на предизвиците со кои се среќаваме во секојдневната стоматолошка (не само ортодонтска) пракса изминатиов едногодишен период, не поттикна да поканиме предавачи од различни специјалности и организираме симпозиум под наслов “Ковид 19 и аспекти на стоматолошка етика и деонтологија “, да се осврнеме и на етичкиот аспект во нашето секојдневно делување. Се надеваме дека темите кои предавачите ги одбраа за овој настан ќе побудат голем интерес кај вас и во име на Управниот одбор на Здружението на специјалисти по ортодонција и во лично име Ве поканувам да со своето активно учество во дискусиите дадете личен придонес и порив за понатамошните ангажмани на Управниот одбор на Здружението на специјалисти по ортодонција.
Со почит
Претседател на Здружението на специјалисти по ортодонција
Проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова dr. sci