iTOP курс
15.05.2016
Хотел “Гранит“, Охрид
Мала сала
10:00-16:30 (09:00-10:00 Регистрација)
Д-р Наташа Мартиќ дипломирала во 1991 година на Стоматолошкиот факултет во Белград, а во 2002 година специјализирала во областа на Пародонтологија и Орална Медицина. Веќе 20 години работи во Здравствен дом Панчево во Кабинетот за Пародонтологија и Орална Медицина и во приватната ординација “Petrovič“ како стручен консултант.
Од 2008 година станала дел од iTOP (индивидуален тренинг во оралната профилакса) тимот во Србија. Таа е активен учесник на бројните работилници iTOP семинарите во Србија како инструктор. Во 2011 година е унапредена во инструктор за Advanced семинари, а во 2013 година станала инструктор на Teachers семинари.
Во март 2013 година, по одлука на D-r Jiri Sedelmayora, добива лиценца за Интернационален предавач и инструктор за iTOP семинари. Учесник е на бројни меѓународни iTOP семинари во Чешка, Грција, Црна Гора, Северна Македонија, Украина и Русија.
iTOP курс
Во предавањето ќе биде објаснето како да се процени која е адекватна забна и интердентална четка за ортодонтските пациенти, која техника да се препорача и зошто, и како да се мотивира пациентот на заеднички труд во одржување на ефикасна орална хигиена.
Во работниот дел на курсот, под водство на сертифицирани инструктори, во мали групи ќе се вежба практичната примена на научените знаења низ работилници во кои има индивидуална работа, работа со инструктор и работа меѓусебно во група еден со друг.
Посебен акцент на курсот ќе биде ставен на техники, начини и избор на правилни производи за одржување на оралната хигиена кај пациенти со фиксни ортодонтски апарати.
Инструктори:
Др Наташа Мартиќ
Проф. др Снежана Пешевска
Науч.сор. Соња Миндова
ПРОГРАМА НА КУРСОТ
- 10:00 – 10:10 – Воведен поздрав
- 10:10 – 10:55 – Биофилм, iTOP концепт и превентивен програм – успеси и неуспеси
- 10:55 – 11:05 – Вовед во iTOP-зошто?
- 11:05 – 11:50 – Критериуми за механичка контрола на плакот и интерденталните простори
- 11:50 – 13:00 – TOP работилница (touch to teach-T2T) Интердентални четкички и забен конец
- 13:00 – 13:30 – Кафе пауза
- 13:30 – 14:00 – iTOP- како и со што?
- 14:00 – 14:30 – Четка за заби, БАСС и Соло техника (CS Single)
- 14:30 – 15:00 – Хемиска контрола на плакот
- 15:00 – 16:00 – iTOP работилница; Четка за заби, БАСС и Соло техника (CS Single)
- 16:00 – 16:30 – Дискусија и доделување на сертификати